Џет-Сет
21. February 2017 - 22:41

Познатата пејачка го покажа трудничкиот стомак

Српската пејачка Ана Николиќ и нејзиниот сопруг Стефан Ѓуриќ Раста го очекуваат нивното прво дете.
 
По шпекулациите зошто пејачката се здебелила стана јасно дека килограмите плус се поради весела причина.
 
Имено, таа за прв пат објави фотографија од трудничкиот стомак, откако претходно потврди во медиумите дека е бремена, со коментар „Расте..МО“.
 
Во изјава за српските медиуми Николиќ вели дека во бременоста и е здодевно, особено дома бидејќи темпото на живот од 200 на час го намалила на 50. Но, додава дека најважна и е бременоста.