Македонија
19. December 2019 - 20:54

Познатата македонска актерка Силвија Стојановска приведена поради шверц на 700 килограми кокаин

Триесетдневен куќен притвор и определи судија на претходна постапка на познатата македонска актерка Силвија Стојановска.

Неофицијално таа е приведена во врска со заплена на поголема количина дрога. Засега официјални информации нема ниту од МВР ниту од обвинителството за гонење организиран криминал.

Во недостиг на официјалните информации во јавноста се шпекулира дека актерката била вмешана во шверц на околу 700 килограми кокаин кои шпанската полиција ги заплени во септември годинава.

Неофицијално за ова се водела меѓународна координирана истрага на три земји. Покрај Силвија Стојановска и уште едно лице околу 15  часот биле спроведени во кривичниот суд.

По барање на обвинителството судија на актерката и определил мерка куќен притвор, а на другото машко лице со иницијали В. Б му определил 30 дневен притвор во Истражниот затвор Скопје.

Притворот бил определен поради можноста за повторување на делото и за влијание врз сведоци.

Инаку неофицијално Актерката била посредник во меѓународна трговија на дрога во која биле вмешани двајца браќа од кои едниот живеел во Мадрид, а другиот во Скопје.

Дали приведениот е братот кој живее во Скопје се уште нема официјални информации од истражните органи.