Џет-Сет
15. July 2016 - 9:41

Познатата комичарка „си ја отвори душата“: Првото сексуално искуство го имав под присила

Познатата американска комичарка Ејми Шамер реши „да си ја отвори душата“ и јавно да проговри за својот љубовен живот и првото сексулано искуство.

Таа во едно интервју призна дека невиност загубила на 17 години и тоа без нејзина согласност, бидејќи нејзиното тогашно момче ја присилило да водат љубов. 

Ејми вели дека сепак не му се лути поради тоа и не сака да биде третирана како жртва.

Дека во нејзиниот љубовен живот во минатот и немала премногу среќа, според 35-годишната Ејми, доказ е и искуството со второто момче, кое „целосно ја игнорирало“.   

Денес, меѓутоа, Ејми е во врска со Бен Ханиш, кој е шест години помлад од неа, и како што вели во интервјуто, таа одлично функционира.