Џет-Сет
10. March 2017 - 11:15

Познатата актерка си ја отвори душата - „Пријателот ме силуваше додека спиев, сакав да се убијам“

 
Не побарав помош откако тоа се случи, се правев како ништо да не било и продолжив со животот, рекла актеркта Ана Лун Мекорд (29) ѕвезда на серијата ’90210′, која на Денот на жените одлучи да открие дека била силувана кога била тинејџерка. 
 
Актерката раскажала дека тогаш кај неа преспал пријател. Се разбудила среде ноќ и сфатила дека пријателот ја силува. Со години, како што вели се обвинувала за тоа што се случило. 
 
- Мислев дека ќе биде се во ред, но со време сфатив дека станав депресивна. Се сечев по рацете, рекла актерката.
 
Моментот кога се соочив со трауматичното искуство било кога морала да глуми сцена во Беверли Хилс во која ја силува професор. 
 
Актерката денеска им помага на жртвите кои биле силувани. 
 
 
- Го напушти домот кога имав 15 години. Се криев од предаторот, па сама во Њујорк премногу се „распуштив“. Излегував надвор, пиев, танцував на масите, но ништо од тоа не играше улога со моето силување. Бев во сопствената куќа, го пуштив пријателот да пресипе кај мене, а тој ме искорист, се присетува актерката. 
 
Пред три години силувачот го сретнала во ноќен клуб и била  шокирана кога слушнала дека тој во своето друштво зборува за неа како таа во малдоста била лудо вљубена во него. 
 
- Ме тргна на страна и сакаше да зборува со мене. Кога го потсетив на тоа што се случило, речеЧ Што зборуваш? Таа ноќ меѓу мене и тебе беше прекрасна, раска=ува АНа.