Свет
6. July 2016 - 9:29

Позната српска актерка доживеа несреќа

Легендарната српска актерка Светлана Бојковиќ Цеца доживеала несреќа. Таа си ја скршила ногата и веднаш побарала лекарска помош, по што носела гипс две недели. 
 
Славната актерка по опоравувањето во Белград отпатувала во Финска каде од 2012 година живее со својот сопруг.
 
- Фала ви сега сум одлично, имав несреќа но сега се е добро. Моментално сум во Финска, подобро одам, вели таа за екипата на српскиот Курир.