Позната причината за падот на турскиот авион
Причина за уривањето на турскиот товарен авион во село во близина на киргистакснкиот главен град Бишкек, е грешка на пилотот, покажуваат првичните резултати од официјалната истрага што ја спроведуваат властите на Киргистан.
- Првичните заклучоци од истрагата на експертите е дека станува збор за грешка на пилотот, изјави киргистанскиот прв заменик-премиер Мукаметкали Абулгазиев на прес-конференција во Бишкек, која беше дирекно емиеутвана на државната телевизија.
При падот на турскиот товарен авион, што се случи рано изутринава загинаа 37 лица, а 11 други се здобија со потешки повреди. Авионот од типот „Боинг 747“ на компанијата „АЦТ Хавајочанri“ падна врз населено место во близина на меѓународниот аеродром Манас и неколку стотини метри се движел низ селото уништувајќи над 30 куќи.
Повеќето од жртвите се локални жители, а меѓу нив најмалку шест се деца. На местото на несреќата избувнал пожар, што набрзо бил изгаснат.
Авионот со четири членови на екипажот летал од Хонг Конг до Бишкек и се урнал за време на слетувањето на аеродромот Манас. Како што јави ТАСС, пилотот најверојатно ја промашил пистата, додека се обидувал да слета во услови на густа магла.
Претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев денеска потпиша указ со кој 17 јануари го прогласи за Ден на национална жалост поради несреќата.
Атамбаев му нареди на киргистанското Министерство за вонредни ситуации да ја пружи сета неопходна помош на семејствата на загинатите и повредените и да ги преземе сите потребни мерки за остранување на последиците од несреќата.
Во исто време, Организацијата на Црвената полумесечима на Киргистан почна кампања за собирање средства за семејствата на настраданите.
Ново на Сител
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол