Спорт плус
18. November 2015 - 13:47

Позната атлетичарка пронајдена спакувана во фолија, убиецот ја фрлил во шума

Грозоморното убиство на познатата атлетичарка Јулија Балукина (31) ја потресе цела Белорусија.

Телото на белоруската спринтерка која исчезна на 28 октомври е пронајдено во една шума во близина на Минск.

Убиецот телото на несреќната девојка го замотал во фолија, го скрил во шума и го покрил со мов.

За свирепото убиство на атлетичарката е осомничено нејзиното поранешно момче Димитри В. кој е уапсен набрзо по пријавувањето на нејзиното исчезнувањее.

Сите докази до кои дојде полицијата укажуваат дека тој е сторителот на злосторството.

Баликина беше шампион на Белорусија на 100 и 200 метри, а учествуваше и на Олимписките игри во Лондон, каде беше член на штафетата 4x100.

Во 2013. година е суспендирана поради допинг, а во јули годинава се врати во натпреварувачки погон.