Loading Video...
Ракомет
29. July 2019 - 16:30

Познат списокот на ракометарки кои ќе патуваат на ЕХФ шампионатот во Италија

Две млади македонски ракометни селекции полека ги привршуваат подготовките за претстојните меѓународни натпреварувања. 
 
Женската кадетска репрезентација ќе настапи на ЕХФ шампионатот во Италија, за кој селекторот Владимир Паноски, заедно со Симе Симовски веќе реши кои ракометарки ќе патуваат на првенството. 
 
На списокот се 17 ракометарки од кои дури 11 се од тимот на Вардар, а останатите шест од доаѓаат од редовите на Металург, Пелистер,  Куманово и Стружанка. 
 
На првенството кое ќе започне на 3 август, нашите ракометарки се во Б групата во која за противнички редоследно ќе ги имаат врсничките од: Италија (4 август), Белорусија (5 август), Азербејџан (7 август) и Полска (8 август). 
 
На списокот за Италија се следниве ракометарки: Ана Марија Коларовска, Мирјана Петковска, Сара Миновска, Ивана Џатевска, Андреа Седлоска, Симона Грујоска, Катерина Дамјаноска, Ангела Костовиќ. Јована Трајковска, Ангела Гроздановска, Стефанија Ѓоргиевска (сите од Вардар), Марија Петреска (Стружанка), Анастасија Белевска, Ангела Јанкуловска (Пелистер), Мила Ѓоргиевска, Михаела Стојановска (Металург), Марија Јовановска (Куманово)
 
А, машката селекција  до 19 години која пак се подготвува за Светското првенство, што ќе се одржи во Скопје. од 6 до 18 август, ги завршува подготовките во Маврово. 
 
Нашата селекција ќе настапува во група Ц во која редоследно ќе игра против: Аргентина, Нигерија, Бахреин, Данска и Јапонија. 
 
Сите натпревари црвено-жолтите ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“ во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути.