Спорт плус
14. September 2016 - 17:30

Познат составот на Македонија за турнирот во Крајова

Македонската одбојкарска репрезентација од утре ги стартува квалификациите за Европското првенство 2017. На првиот квалификациски турнир нашата репрезентација ќе одгра три натпревари во Крајова, а прв ривал ни е домаќинот Романија. Македонските одбојкари веќе се наоѓаат во Крајова, а селекторот Николај Жељасков за овие квалификации ќе смета на следните 12 играчи: Филип Деспотовски, Ѓорѓи Ѓоргиев, Ангел Николов, Никола Ѓоргиев, Дејан Симовски, Владо Милев, Александар Љафтов, Иван Андонов, Васе Михаилов, Дарко Ангеловски , Ѓоко Јосифов и Ристо Клопчески.
 
Распоред на натпреварите на првиот турнир:
15.септември (четврток): Естонија – Чешка и Романија – Македонија.
16.септември (петок): Чешка – Македонија и Естонија – Романија.
17.септември (сабота): Македонија – Естонија и Чешка – Романија.
Натпреварите од вториот турнир се играат од 23 до 25.септември во чешкиот град Јаблонец.
 
Пласман на Европското првенство ќе обезбеди првопласираната репрезентација од групата, додека втората селекција ќе игра бараж.