Познат ресторан во Скопје и одби влез на жена со хиџаб, НВО реагираат за дискриминација
Мрежата за заштита од дискриминација ја осудува дискриминаторската пракса на Portofino Osteria and Bar со ограничување на пристапот до ресторанот на жени кои носат традиционална муслиманска облека, соопштија од Мрежата за заштита од дискриминација.
На 14. септември до Хелсиншкиот комитет за човекови права се обрати странка која пријави дискриминација врз основа на религија и верско уверување во пристап до ресторанот Portofino Osteria and Bar. Странката заедно со две пријателки се обидела да влезе во ресторанот Portofino Osteria and Bar, каде пристапот им бил ограничен со објаснување дека без резервација не може да бидат услужени. Во моментот кога се обиделе да влезат во ресторанот странката носела хиџаб, додека нејзините пријателки не.
Лицата го напуштиле ресторанот, каде десетина минути подоцна, една од пријателките на странката се вратила во ресторанот и без никаков проблем добила маса без претходна резервација. Таа пробала да дознае зошто не ѝ бил дозволен пристап во ресторанот на нејзината пријателка која носела хиџаб и дали ресторанот им забранува пристап на жени и девојки кои носат хиџаб, на што не добила одговор и си заминала.
Хелсиншкиот комитет за човекови права за овој случај поднесе претставка до Комисијата за заштита од дискриминација, а постапката сѐ уште е во тек. Мрежата за заштита од дискриминација ја повикува Комисијата за заштита од дискриминација во рамките на своите овластувања да го истражи случајот, да утврди дискриминација врз основа на религија и верско уверување, да му препорача на ресторанот да ја отстрани повредата на правото и во иднина да престане со дискриминаторската пракса на ограничување на пристапот до јавни добра и услуги на жените од муслиманска верска припадност кои носат традиционална муслиманска облека.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО