Македонија
18. November 2016 - 16:37

Познат редоследот на гласачкото ливче: ВМРО-ДПМНЕ први, СДСМ четврти

Големата четворка на првите четири места на избирачкото ливче. Изборниот тикет ке го предводи ВМРО- ДПМНЕ а најголемата опозициска партија довербата ќе ја бара од четрврата позиција. ДПА ја доби двојата а ДУИ третата позиција.

Петтото место на ливчето го извлече претставникот на коалицијата на павле трајанов, а по него следат ПДП, Коалицијата на зијадин Села, Либералната партија и коалцијата на љубе бошковски и вмро народна. Десетката ја извлече БЕСА а последна ливчето ќе биде партијата Левица. Согласно законот партиите под овие броеви ќе настапуваат во сите изборни единици.

По ждребката партиите можат конечно да почнат да го подготвуваат рекламиот материјал и да влезат во предизборната кампања којашто официјално започнува од понеделник.