Loading Video...
Ракомет
20. November 2017 - 13:28

Познат распоредот на вардарки за главната фаза во ЛШ

Со комплетирањето на дуелите од првата фаза во која ракометарките на Вардар завршија со максимални шест победи, за црвено-црните претстои пауза до крајот на јануари, кога ќе ги започнат натпревраите од групната фаза. 

Вардар се единствен тим во женската Лига на шампионите што во „Главната фаза“ ќе ја започнат со максимални 8 бода. 

„Црвено-црните" во борбата за четвртфинале ќе играат против францускиот  Мец, Будуќност од Подгорица и германскиот тим Битигхајм.

Според распоредот и македонскиот првак на првиот меч во „главната фаза“ ќе биде домаќин на крајот од јануари 2018 година кога ќе го пречека Мец, по што ќе следува гостувањето во Германија, а потоа и дуелот со Будуќност во Скопје, противник со кој „црвено-црните“ ќе ја заокружат „!главната фаза„ со мечот во Подгорица кој ќе се игра во првата половина на март. 

Вардар ќе започнат со 8.бодови, два повеќе од Мец и четири повеќе од ФТЦ и Будуќност, додека Битигхајм пренесе  два бода, а Турингер ќе стартува без бодови.

Првите четири екипи од оваа група ќе вкрстуваат со четирите најдобри од другата група во четвртфиналната рунда,односно ќе се борат за пласман на 

„Ф4“ турнирот во Будимпешта.

 
Распоред на натпревари на Вардар во Главна фаза
1. коло: (26-28 јануари 2018) Вардар - Мец
2. коло: (02-04 февруари 2018) Битигхајм - Вардар
3. коло: (09-11 февруари 2018) Вардар - Будуќност
4. коло: (23-25 февруари 2018) Мец - Вардар
5. коло: (02-04 март 2018) Вардар - Битигхајм
6. коло: (09-11 март 2018) Будуќност - Вардар