Loading Video...
Фудбал
5. February 2021 - 15:23

Познат распоредот на младите македонски фудбалери во квалификациите за ЕП

Европската фудбалска федерација (УЕФА) со ждрепка го одреди распоредот на натпревари за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство за фудбалери до 21 година.
 
Македонската репрезентација е во група Х во која за противници ќе ги има врсниците од: Франција, Србија, Украина, Фарски острови и Ерменија. 
 
Избраниците на селекторот Благоја Милевски квалификацискиот циклус ќе го започнат со гостување кај првиот фаворит во групата, селекцијата на Франција (02. септември 2021.), а пет дена подоцна против Србија ќе го одигра првиот меч на домашен терен. 
 
Во октомври месец ќе се играат дуелите против Фарски острови и Ерменија, а календарската 2021-ва година, младите македонски фудбалери ќе ја заокружат со дуелите против Украина и Франција на домашен терен. 
 
Квалификациските натпревари треба да завршат во јуни месец следната година, а место на шампионатот ќе што ќе се одржи во Грузија и Романија, покрај домаќините ќе обезбедат и победниците во деветте квалификациски групи, како и најдобро второпласираната репрезентација, додека останатите седум селекции што ќе го освојат второто место ќе играат дополнителен плеј-оф. 
 
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 21.ГОДИНА ВО „Х“ ГРУПАТА ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕУРО 2023 
 
02.09.2021 Франција - МАКЕДОНИЈА 
07.09.2021 Македонија - Србија
 
07.10.2021 Фарски острови - Македонија
12.10.2021 Еремнија - МАКЕДОНИЈА
 
11.11.2021 МАКЕДОНИЈА - Украина
16.11.2021 МАКЕДОНИЈА - Франција
 
24.03.2022 Србија - Македонија
29.03.2022 МАКЕДОНИЈА - Фарски острови
 
01.06.2022 МАКЕДОНИЈА - Ерменија
07.06.2022 Украина – МАКЕДОНИЈА