Кошарка
13. July 2016 - 17:22

Познат календарот и распоредот за новота сезона во Евролигата

Новата сезона најеминентно еврпско клупско кошаркарско натпреварување Евролоигата ќе започне на 12 октомври, а ќе заврши на 21 мај следната година.
 
Натпреварувањето кое годинава ќе се игра по нов формат, осносно, 16-те екипи ќе се игра во лигашки дел со 30 кола, по принципот секој со секого на домашен и гостински терен, ќе започне на 12 октомври. 
 
Во првата рунда актуелниот шампион ЦСКА Москва гостува во Истанбул кај Галатасарај, додека вице-првакот Фенербахче пред својата публика го пречекува германскиот шампион Бросе Баскет. 
 
Во останатите натпревари од 1.коло ќе играат: Реал Мадрид – Олимпијакос, Армани Милано – Макаби ТА, Црвена Звезда – Дарушафака, Уникс Казан – Барселона, Панатинаикос – Жалгирис и Лаборал – Анадолу Ефес. 
 
Лигашкиот дел ќе заврши на 7 април 2017 година, по што осумте најдобро рангирани ќе обезбедат пласман во четвртфиналето кое ќе се игра на три добиени натпревари, а победниците ќе се пласираат на завршниот „фајнал-фор“ кој ќе се одржи од 19 до 21 мај. Засега, Евролигата нема донесено одлука каде ќе се игра „Ф-4’’ турнирит, за чија организација досега интерест имаат пројавено Белград, Прага и Москва, единствено е сигруно дека шампионот ќе се решава на турнирот во мај мецес следната година.