Џет-Сет
20. April 2016 - 12:29

Познат југославиенски астролог почина во сообраќајна несреќа

 
 
Астрологот Златко Златковиќ загина ноќеска во сообраќајна несреќа додека се враќал од Виена во Србија.
 
Како што дознава Ало.рс, несреќата во која загина 54-годишниот Златковиќ се случила околу полноќ во Унгарија.
 
Тој се занимавал со астрологија 35 години, а беше еден од основачите на Здружението на астролози на Југославија.
 
Во интервју кое неодамна го даде за Ало.рс, тој предупреди дека во 2023 година Србија ја очекуваат големи поплави.