Македонија
4. January 2016 - 12:15

Познат идентитетот на убиеното момче во Скопје

Деветнаесет годишниот Леард А. е момчето кое вчера вечерта беше убиено во Скопје. Младиот Леард на повредите им подлегнал во болница.
 
Од полицијата информираат дека се работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
 
Леард и уште едно лице со повреди од остар предмет, најверојатно нож, вчера вечерта биле донесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“ околу 19 часот. Еден час подоцна полицијата добила информација дека едно од лицата, кое нофицијално имало убодна рана во пределот на срцето, им подлегнало на истите.
 
Вториот повреден, по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Дел од медиумите пишуваат дека инцидентот се случил на Бит Пазар.