Македонија
22. April 2016 - 12:47

Познат идентитетот на прегазениот маж кај Алумина

Полицијата го утврдила идентитетот на мажот кој утринава беше прегазен кај поранешна Алумина. Станува збор за 65 годишниот Павле Г.
 
Како што информираа од МВР, Павле утринава околу 9:30 часот бил прегазен на пешачки премин на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај поранешна Алумина.
 
Во него удрил автомобил „Киа“ со скопски регистерски ознаки управуван од 34 годишниот С.И. По несреќата екипа на итна медицинска помош веднаш пристигнала на местото, но обидите за реанимација биле неуспешни.
 
Телото на починатиот маж е предадено на обдукција, а полицијата работи на целосно расчистување на сообраќајната несреќа.