Балкан
21. December 2016 - 11:23

Познат идентитетот на двете млади момчиња кои утринава беа пронајдени мртви

 

Фотографии од двојното убиство кое утринава ги потресе граѓаните на Нови Сад.

Две млади момчиња се пронајдени рано утринава пред локал во центарот на Нови Сад, а како што неофицијално се дознава, еден од убиените е Драган Јовановиќ (26), некогашниот воџа на навивачката група „Фирма“.

Драган и другото момче Дарио Роклицер (29) се претепани до смрт по расправија со група момчиња. Тие излегле надвор од кафеаната каде група мажи до смрт ги претепале со дрвени стапови. Двете убиени момчиња повеќе пати биле приведувани поради различни кривични дела.

На Јовановиќ се пукало во септември оваа година во Грбавец, каде се здобил со тешки телесни повреди.