Loading Video...
Кошарка
11. April 2019 - 16:24

Познади двојките за првата рунда во плеј-офот во НБА лигата

Со одигрувањето на синоќешните натпревар заврши регуларниот дел од сезоната на најдобрата светска кошаркарска лига НБА, по што познати се шеснаесетте екипи кои ќе играат во плејофот. 
 
Во првата рунда од разигрувањето односно конференциските четвртфиналиња, најдобриот тим во лигата Милвоки ќе започне со дуелот против Детроит. 
 
Торонто кој беше втор на Истокот, за противник ќе го има Орландо, а останатите два пара во Источната конференција ги сочинуваат Филаделфија– Бруклин и Бостон– Индијана 
 
Во Западна конференција, актуелниот шампион Голден Стејт одбраната на титулата ќе ја започне против ЛА Клиперс. Најголемо внимание во првата рунда се очекува да привлечат дуелите меѓу Денвер и Сан Антонио, додека во другите две соочувања ќе играат Портланд– Оклахома Сити и Хјустон– Јута. 
 
Пласман во следната рунда, односно конференциското полуфинале ќе обезбеди тимот кој прв ќе оствари четири победи
 
Разигрувањето за титулата започнува во сабота навечер.