Живот
22. August 2020 - 15:34

Позлатени очила на Ганди продадени на аукција за 288. 000 евра

Позлатени носени очила на индискиот херој за независноста Махатма Ганди се продадени на аукција  во Велика Британија за 288.000 евра, соопшти аукциската куќа.

„Ги најдовме пред само четири недели во нашето поштенско сандаче, оставени таму од господин на чиј чичко му ги дал самиот Ганди“, по продажбата на Инстаграм напишаа од куќата „East Bristol Auctions“.

„Неверојатен резултат за неверојатен производ! Благодарност до сите понудувачи “.

Ганди бил познат по тоа што им давал стари или несакани очила на оние кои  имаат потреба или оние кои му помагале.

Индискиот политичар и државник очилата му ги дал на чичкото на продавачот додека тој работел за „Бритиш петролеум“ во Јужна Африка во 20-те или 1930-те на минатиот век, соопшти аукциската куќа.

Продажната цена неколкукратно ја надмина почетната проценка од околу 15.000 фунти.