Македонија
13. September 2020 - 19:53

Позитивните случаи во градинките можат да ги променат плановите за учебната година

Здравствените власти не ја исклучуваат можноста за одложување на најавениот почеток на школската година со физичко присуство.. Реакцијата следи откако беа отоврени градинките а во првите денови се појавиа слуачи на заразени со корона вирус меѓу вработените.. Министер за здравство Венко Филипче, за Сител вели дека будно се следи состојбата и можно е на први октомври да останат затворени вратите на училиштата..

„Сите опции се можни. Ние ја следиме епидемиолошката ситуација секој ден и правиме пресек еднаш неделно“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

По неполна недела откако беа отворени градинките, овие установи пријавиа три случаи на заразени со корона вирус..

Негувателка од градинката во Битола во домашна изолација испрати пет деца, три негувателки и две воспитувачки..

Под епидемиолошки надзор е и градинката Раде Јовчевски Корчагин во Скопје откако една вработена непосредно пред отворањето на установата пријавила дека е позитивна на вирусот.. Неколкумина вработени заминале во домашна изолација и чекаат да помине периодот од седум дена препорачан од епидемиолозите како клучен за појава на симптоми..

Според последните информации од МТСП досега нема пријава дека некој од нив добил симптоми на вирусот.

Еден клон од градинката во Свети Николе  воопшто не ги отвори вратите за прием на деца откако вработена пријавила дека е заразена со коронавирусот.. Сега епидемиолозите утврдуваат дали заразената имала контакт со останата вработени по што ќе се утврди дали градинката ќе згрижува деца..