Бизнис
11. February 2021 - 16:51

Позитивните резултати ќе значат ослободување од враќање на помошта кон државата?

Компаниите со загуби најверојатно ќе ги  враќаат владините субвенции за плати. Оние  кои ќе  прикажат добивка  на крајот од годината нема да треба да го сторат тоа. Владата размислува да направи ваква измена и кај  субевцниите но и за бескаматните кредити во новиот пакет помош со цел да ги мотивира фирмите да генерираат добивки. 

Во однос на поддршка на компаниите за исплата на плати, на бизнис секторот веројатно ќе ги понудиме и две опции, двата модели, со изменети услови. И опцијата за финансиска поддршка за исплата на плати и финансиска поддршка преку кредити со 0% камата. Наскоро ќе биде објавен целиот сет на економски мерки и ќе бидат презентирани сите детали, но да, духот на овој пакет е заздравување и развој. И во двете понудени решенија ќе има опција дел од  средствата да станат неповратни доколку фирмата покаже успех и зголемување на поддршката при зголемување на бројот на вработени. Пакетот мерки, се уште се разработува во неговите детали, и во некој од следните денови ќе биде презентиран, се вели во дописот од Влада. 

Работодавачите се изненадени од ваквата најава. Велат дека со тоа фирмите дополнително ќе бидат оптоварени.

Како бизнис заедница се замисливме за околу оваа измена и тоа поради обратно пропорционалниот пристап односно тие фирми што работата со загби и без профит дополнително ќе имаат товар за враќање на парите  а оние со позитивни биланси нема да треба да враќаат ништо. Разбирам дека мерката и овој пристап би требало да ги поттикне фирмите да се обидуваат да работата позитивно и со полна пареа, но моментално тоа не зависи од управувањето на  капацитетот на  самата компанија, вели за Сител Миле Бошков – претседател на конфедерација на работодавачи.

И синдиактите  се затечени од можната измена. 

Претходно компаниите кои ја користеа мерката субвенции за плати,  ако имаа добивка враќаа до 50 проценти од добивката, но фирмите со загуба не требаше да враќаат ништо од парите. 

Новиот пакет помош се очекува наскоро да им биде  достапен на компаниите.