Позитивни на коронавирусот 36 туристи кои пристигнале во Грција, мнозинството од Србија
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 43 нови случаи на Ковид-19, од кои 85 отсто, односно 36 се туристи кои влегле во земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, сите 36 позитивни случаи се од тестовите направени на граничниот премин Промахонас (Кулата) на границата со Бугарија, а 20 од нив се српски туристи.
Грчката Влада вчера соопшти дека од шест часот утрово до 15 јули 2020 година во Грција ќе биде забранет влез за државјани на Србија, врз основа на анализата на епидемиолошките податоци.
Како што утрово објави МИА, на граничниот премин Промахонас (Кулат) што воедно е и единствениот отворен за влез на туристи, голем број српски државјани уште на полноќ пристигнале, во обид да влезат во Грција пред шест часот, односно пред да стапи во сила забраната за влез.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра