Позитивни на коронавирус во Шкендија и во Ренова
„Спортмедиа“ од информации блиски од Тетово дознава дека во Шкендија и во Ренова има позитивни на коронавирус. Двата тетовски тимови направија тестирања донирани од синдикатот за фудбалери, и тие покажуваат дека има шест случаи на Ковид-19. Според сознанијата, две лица се од таборот на Шкендија, и четворица од тимот на Ренова.
Засега не се објавуваат имиња, но многу детали ќе бидат познати во текот на денот. Секако дека тимовите ќе бидат подложни и на втори тестирања на коронавирусот.
Дознаваме дека се свикани итни состаноци во двата клуба за попладнево.
Панче Ќумбев, претседателот на синдикатот на фудбалери во Македонија кусо ни потврди дека има позитивни случаи во двата клуба.
„За жал има позитивни случаи. Дополнителните детали ќе бидат соопштени наскоро“, ни изјави Ќумбев.
Ова може да има влијание во враќањето на првенството кое беше најавено во текот на оваа недела, а екипите веќе почнаа со тренажен процес. Но, овие позитивни тестови може да ги сменат плановите, па дури и да биде прекинато првенството, односно да не се доигра.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години