Македонија
13. November 2020 - 14:17

Позитивни на коронавирус две негувателки од кавадаречка градинка, во изолација 28 деца и три колешки

Две негувателки од две групи во кавадаречка градинка се позитивни на коронавирус. Со нив во изолација се уште три негувателки, како и 28 деца од двете групи. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Јовановски информираше дека во изминатите 24 часа евидентирани се нови 34 случаи позитивни на Ковид-19 во Тиквешијата. Новозаболените се на возраст од 12 до 83 години. Тринаесет лица се од Кавадарци, четири од Росоман, 14 од Неготино и три од Демир Капија.

Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.