Македонија
11. October 2020 - 16:52

Позитивен тестот и на пратеникот Таневски, опозицијата и власта поделени за онлајн седници

Уште еден македонски пратеник позитивен на Ковид. По пратеникот на ДУИ Јахоски кој е примен на Инфективна, сега и пратеникот на СДСМ Таневски на Фејсбук објави дека има корона. Може ли Собранието да стане кластер?  Во моментов не се знае кои пратеници ќе одат во изолација, вели министерот Филипче и препорачува онлајн работа на Парламентот.

Пратениците  со различни ставови за тоа како треба да функционира  Собранието, во зависност на која партија и припаѓаат. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Пешевска е децидна, физичко присуство во Собранието, исто како и за сите други граѓани кои секој ден одат на своите работни места.

Ванчева од СДСМ пак смета дека не смее да се дозволи короната да ја блокира работата на законодавниот дом. Доколку е потребно Собранеито може да се префрли онлајн.  

Иако пратениците работат согласно препораките на епидемиолозите, досега има три случаи на позитивни на корона, а првиот беше  Арбен Зибери од ДУИ кој  поради болеста  минатиот месец од посебна кабина гласаше за новата Влада.