Македонија
5. November 2020 - 15:17

Позитивен случај со Ковид-19 во Дневниот центар за лица со посебни потреби Кавадарци, во изолација 13 лица

Еден случај со Ковид-19 има во Дневниот центар за лица со посебни потреби Кавадарци, а во изолација се пет вработени и осум штитеници. Една негувателка од градинка е позитивна на Ковид-19, а во изолација се 14 деца и двајца вработени. Ова за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Позитивен на Ковид-19 е и еден медицински работник во Кавадарци.

Во изминатите 24 часа во Кавадарци се потврдени 14 нови случаи на возраст од 25 до 59 години, во Росоман два случаја на возраст од 24 до 67 години, во Неготино пет случаи на возраст од 23 до 73 години, при што едно 73-годишно лице е хоспитализирано. Почината е 17-годишна кавадарчанка.