Џет-Сет
16. December 2015 - 13:56

Пози за срцев удар: Има ли Кендис дозвола за овој секси задник?

Ангелот на Викторија, Кендис Сванепоел се придружи на своите колешки на плажата Сент Бартелемиј позирајќи пред фотоапаратот на славниот бренд.
 
Плажата Сент Бартелемиј веќе втор ден е преполна со светски познати манекенки на Викторија Сикрет. Моментално таму снимаат едиторијал за новата колекција на бикини, а секси фотографиите веќе ја излудеа јавноста. 
 
По Лили Олдриџ и Елс Хост, целото внимание го привлече Кендис Сванепоел (27). Во предизвикувачки пози, ангелот ја покажа својата совршена фигура во бикини на својот бренд.