Македонија
7. November 2018 - 20:54

Пожарот во атарот на село Бериково Кичевско ставен под контрола

Пожар кој беснееше во атарот на селото Бериково во Кичево е ставен под контрола, соопшти портпаролорт на Општината, Емин Насуфи.

Во гаснење на огнената стихија учествуваа пожарникарите од ПП единица во Кичево, припадниците на ЈШП „Лопушник“ од Кичево, а на местото присутни се и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување како и од РЦУК од Кичево.