Балкан
28. August 2017 - 11:07

Пожарот на Закинтос се уште не е под контрола

Пожарникарите и утрово се борат против пожарот што избувна во саботата во селото Мариес, на островот Закинтос.

Во областа работат 150 пожарникари со 53 возила, четири хеликоптери и пет авиони.

Во меѓувреме, во источниот дел на островот избувнаа три нови пожари за кои локалните власти се сомнаваат дека се подметнати.