Пожарот на Голак се уште активен, но и локализиран
100 хектари нискостеблеста и борова шума на планината Голак се зафатени од огнена стихија која беснее од вчера напладне. Според првичните информации од терен, пожарот е потпален од неколку страни.
Најнапред е забележан кај с. Разловци, кај месноста Ѓоргови колиби, при што зафатил површина од 20 ха ретка борова шума.
По час и пoловина од избувнувањето, пламените јазици се прошириле и кон Пехчево и Берово, поради што во гаснење биле ангажирани повеќе екипи од неколку општини.
-Во гасењето на пожарот беа вклучени екипи од ТППЕ од Делчево, од шумското стопанство Голак од Делчево и една екипа од шумско стопанство од Пехчево- изјави Драган Балас, раководител на Центар за Управување со кризи- Делчево.
Во текот на ноќта екипите се повлекле, за од рано наутро повторно да се вклучат во гаснењето, потпомогнати од пожарникарите од Македонска Каменица и вработени во локалната самоуправа.
-Според последните информации од терен, пожарот е скоро локализиран- додаде Балас.
Поради синхронизираното избувнување на пожарот на повеќе локации, надлежните се сомневаат дека причинител е човечки фактор.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар