Македонија
2. September 2019 - 20:28

Пожарот кај село Шишево ставен под контрола

Пожарот кај село Шишево во општина Сарај е ставен под контрола и екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје работат на негово целосно гаснење.

– На терен се три екипи возила со противпожарникари. Нема никаква опасност, огнот е ставен под контрола и се работи на негово целосно гаснење, информираат за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.