Македонија
17. September 2019 - 16:52

Пожарот кај Црнобуки ставен под контрола, дежурни екипи сеуште на терен

Во текот на вчерашниот ден битолската пожарна помогната со екипи на Дирекцијата за заштита и управување, ЈП Национални шуми и ЈП Нискоградба Битола интервенираше во делот на селата Беранци, Ново Змирнево, Црнобуки, а еден крак се прошири и до Лисолај. За гаснење на пожарот беше побарана и воздушна интервенција, која имаше четири налети за гаснење на пожарот. Ситуацијата е под контрола, но екипи дежураат на терен.- изјави Костадин Поповски, Командир на ТППЕ Битола.