Македонија
26. May 2017 - 8:33

Пожарникарскиот крос „Пожарко“ по десетти пат во општина Аеродром

Традиционалниот пожарникарски крос - натпревар „Пожарко 2017“ денеска по десетти пат ќе се одржи на кејот на реката Вардар, во близина на СЦ „Јане Сандански“ Општина Аеродром.

Како што соопштуваат од општина Аеродром, право на учество на кросот, во конкуренција на категорија машки 600 метри и женски 500 метри, имаат учениците од осмо и деветто одделение од основните училишта од Градот Скопје.

- Кросот се одржува по повод 20 мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија, во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, a во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје, велат од општина Аеродром.

Оттаму истакнуваат дека оваа традиционална спортска манифестација претставува значаен придонес во развојот на свеста кај младата популација за заштита од пожари.