Македонија
2. July 2020 - 15:25

Пожарникарите во Делчево спасија куче од бунар длабок 10 метри

Делчевските пожарникари денеска спасија куче паднато во бунар на улицата „Булевар Македонија“ во Делчево. Според информациите на жителите кои живеат во близина, во акцијата учествувале тројца пожарникари кои го спасиле животното.
 
-Бунарот беше длабок околу 10 метри и само присебноста на пожарникарите го спасија кучето од најлошото. Акцијата траеше речиси два часа при што со скала направена од јажиња, еден од пожарникарите се спушти и го извади животното, велат жителите.
 
 
Заблагодарувајки им се на пожарникарите за успешно спроведената акција, жителите додаваат дека акцијата била опасна само по себе, бидејки опремата која ја поседуваат пожарникарите била стара, а и условите во дворот каде се одвивала спасувачката мисија биле лоши поради обрасната трева во дворот.
 
Паралелно со оваа случка, денеска вработените во делчевското комунално претпријатие дислоцираа куче кое ги напаѓало минувачите на улицата „Трстјанска“. Поради агресивноста на кучето, како што информираат жители од улицата, еден од минувачите бил повреден, при што побарал интервенција од Итната медицинска служба во Делчево. Кучката во меѓувреме е згрижена во стационар за згрижување домашни миленици во Делчево.