Македонија
24. September 2019 - 16:53

Пожарникарите на обука за пружање прва помош

Врнежливото време со Скопје го донесе очекуваниот сообраќаен хаос. Четири возила утрово беа дел од верижен судир кај трговскиот центар Мавровка.

Сообраќајната незгода за среќа помина без повредени лица. Потреба од лекарска интервенција денеска немаше, но отсега во Скопје, покрај екипите на брза помош, ќе може да ја пружаат и пожарникарите.

Американски инструктори и лекари од Брзата помош обучуваат група од 25 пожарникари, за интервенции при посериозни несреќи.

“Теоретскиот дел траеше 10 дена, а сега следува практичниот дел кој ќе трае една до две недели... Од 2015 година, откога соработуваме со „Линкакрос“ имаме 25 парамедици…”, смета командирот на скопската противпожарна бригада.

Се планира и во иднина секој новопримен пожарникар во Бригадата да се стекне со сертификат за давање брза помош.