Македонија
27. October 2020 - 13:10

Пожарникарите излегуваат на протест

Тензичната средба помеѓу градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов и пожарникарите заврши без договор. Исплатата на додатоците на плати за кои пожарникарите тврдат дека ги добиле по судски пат, засега нема да има. Градоначалникот Шилегов вели дека најпрвин треба да се смени законот, за да може пожарникарите да ги добијат парите. Додека да се донесат законските измени, Шилегов на оштетените им порача да посредуваат преку медијатор.

За пожарникарите ова решение е неприфатливо. Најавија дека ќе протестираат секој ден, се додека Шилегов не најде начин парите да им бидат исплатени пред да се донесат законските измени. Дополнително реагираа дека не се партиски мотивирани, како што рече градоначалникот. 

Како што најави Шилегов законот треба да биде готов следната година во јуни.

 

Елена Милошевска