Македонија
22. March 2019 - 21:53

Пожарникари од Кавадарци спасија гулаб заглавен со ногата во најлонска ќеса на високо дрво

Пожарникари спасија гулаб замотан со ногата во најлонска ќеса, заглавен на високо дрво пред зграда во Кавадарци. За проблемот со птицата алармирало семејството Дишлиевски.

-Мојата ќерка Галина која има пет години, прва примети од терасата дека има заглавен гулаб на дрво пред зграда  и посака да го спасиме, но не можевме ништо да направиме, поради тоа што беше многу високо. Се јавив во Противпожарната во Кавадарци. Оттаму дојдоа и го спасија гулабот, кој беше замотан со најлонско ќесе на ногата, за МИА појасни таткото Давор.

Гулабот бил заглавен кај Силекс зградите, Ваташа.