Македонија
20. September 2018 - 14:54

Пожарникари и полицајци интервенирале во скопско Кадино

Драма во скопското село Кадино, роднината му ја запалил кантата за ѓубре, по што пожарот ја зафатил и плевната.

Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 15.00 часот во с.Кадино, скопско, било пријавено дека во дворот од куќата сопственост на С.Ѓ.(48), И.В.(42) од с.Кадино, со кој се во роднинска врска и со нарушени меѓусебни односи, дошол со канта бензин и ја запалил кантата за ѓубре, по што пожарот ја зафатил и плевната, која била делумно опожарена. 

Пожарот бил изгаснат од месното население и екипа на Бригадата за противожарна заштита. Повредени лица нема, а И.В. бил лишен од слобода и кај него бил пронајден еден гасен пиштол.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.