Македонија
23. April 2019 - 16:23

Пожарите во депонијата Вардариште не се само еколошка бомба туку го загрозуваат и снабдувањето со струја

По речиси 10 часа дивеење на пламенот во дивата депонија Вардариште пожарот беше изгаснат. Чадот се уште се чувствува во оклните населени места. Според надлежните пожарот најверојатно е подметнат  бидејќи депонијата била запалена од сите страни. 

Ова диво сметиште е проблем кој со години го загадува околното население. Депонијата е на територија на Општина Гази Баба но до сега ниту една управа не најде решение за неа. Иако се наоаѓа на само неколку стотина метри од најурбаниот дел на Скопје, гледката овде е како од хорор филм. Отпад, кал и глутница кучиња. Сметот овде го истураат комуналните служби организирано со возила.

Така беше и денеска кога дојдовме да видиме во каква состојба е депонијата по пожарот.

Местото пак за дел од посиромашните граѓани е извор за егзистенција. Тие тврдат дека отпадот овде не од граѓани туку се носи организирано со камиони а тие собираат картони и ги продаваат за да преживеат.  

Непосредно до оваа депонија се наоѓа депонијата на комуналното претпријатие која е оградена и каде има тони отпад од градежен шут, старо железо, делови од мебел и стари автомобили.Скопскиот градоначалник тврди дека дивата депонија ја наследил од претходната власт а проблемот потекнува од пред 30 години.  По чистењето на дивата депонија во Карпош, оваа е следна но кога ќе почне со работа новиот концесионер на ДРИСЛА.

 Несоодветното однесување создава денеска проблеми. Вардариште има огромен капацитет на ѓубре таму депонирано. Погонот за согорување на ѓубре. За жал проблемот со дрисла го наследив и ќе го решаваме со наследените проблеми. 300 епонии исчистено иако тоа е надлежност на општините. Вардариште за да може сериознод а се влијае на животната средина. ,н внимателно да се решава проблемот. Завтршувал повеќе од 3-0 години.

11 000 корисници од Аеродром синоќа останаа без струја поради пожарот. ЕВН која располага со далноводите поднесе кривична пријава до непознат сторител. Во изминативе 5 години постојано  барале од надлежните да најдат решение за депонијата но одговорот од нив е очигледен.

Лани градските власти купија дрон со кој полесно ќе ги детектираат лицата кои ги палат дивите сметишта но резултат се уште нема.