Македонија
14. August 2017 - 16:09

Пожарите ставени под контрола

Нема активни пожари во кризното подрачје Македонски Брод. Пламените јазици кои изминатите  недели дивееја во атарот на селата Волче, Заград, Растеж, Здуње, Близанско и Грешница се целосно изгаснати. Во контрола на теренот во  Чашка се 4 лица од шумско стопанство Бабуна . Во овој кризен регион локализирани се пожарите кај Јасеновска глава и кај  Богомилскиот тунел. Од утрово активни пожари има во Кичев и струшкиот регион.

Екипи од надлежните институции и јавни претпријатија од денеска со хеликоптер ќе прават проценка на површината и штетите  во  опожарените региони.

– Проценувањето на штетите е регулирано на два начини. Едниот е за опожарена дрвена маса, чија процена ја врши ЈП „Македонски шуми“ и ги потврдува Државниот инспекорат за шумарство и ловство. Останатите штети се проценуваат согласно Законот за заштита и спасување на локално ниво од Комисиите за процена на штети на единиците на локална самоуправа.

Забраната за движење во шуми сеуште трае и во тек се засилените контроли на МВР и Шумската полиција.