Македонија
21. March 2017 - 21:39

Пожари во околината на Прилеп

Неколку пожари избувнаа попладнево во околината на Прилеп.

Како што информира Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица, активни се пожарите кај селата Стровија, Оревоец, Тополчани, а гори и на Селечка планина.
 
- Веќе неколку часа горат површини со сува трева и нискостеблеста дабова шума. Неодамна испративме и екипа за пожарот на Селечка Планина. Се уште не знаеме колкави површини се зафатени со пожарите ниту кои се причините за огнените стифии. Само пожарот кај селото Штавица е изгаснат, вели Колески.
 
Според Борис Јованоски од ЈП „Македонски Шуми „Црн Бор“ огнот што гори од повеќежаришта на селечка планина се префрлил од околината на селото Кокре, Мариово. - Се обидуваме да ги ставиме под контрола жариштата, но тоа се планински терени. Упатуваме апел до сточарите да не ги палат стрништата, вели Јованоски.