Пожари низ цела земја, гореше од Струга до Берово, изгоре трска, шума и сува трева
Вчера во 15,20 часот било пријавено дека покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и с.Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот бил локализиран. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.
Околу 15,25 часот било пријавено дека во Берово настанал пожар во атарот на с.Ратево кај место викано “Три Реки“, при што била опожарена млада борова шума. На местото на настанот упатени се екипи од Територијалната противпожарна единица Берово, Шумското стопанство и се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
Вчера исто така било пријавено дека настанал пожар на подрачје на Свети Николе односно во атар на с.Каратманово, кој во текот на ноќта преку с.Ново Село на место викано “Кишински пат“ се проширил кон с.Каласлари, при што била опожарена поголема површина сува трева и разновидна шума. На местото на настанот излезено е од екипа од Македонски шуми- Велес и од нивна страна во 17,00 часот пожарот бил ставен под контрола.
Во 17,50 часот било пријавено дека во Тетово настанал шумски пожар на шест до седум помали локации покрај патот во правец од с.Ново село кон с.Мерово-општина Желино, при што била опожарена нискостеблеста шума и сува трева. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка