Пожари беснеат во Калифорнија
Пожарникарите од вчера се борат со десетици нови пожари низ Калифорнија, сојузната американска држава која е погодени од историски топлотен бран. Пожарите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија, по што гувернерот прогласи вонредна состојба.
Државната противпожарна служба наведува дека во 30-ната пожари во Калифорнија се зафатени вегетација, автомобили и куќи, а опустошени се најмалку 48.500 хектари, од кои некои се во близина на Лос Анџелес и Сан Франциско.
Илјадници луѓе се евакуирани северно и јужно од Сан Франциско, каде што се двете најголеми жаришта.
Пожарите се шират по патиштата, а експлозиите на гасни цевки ги принудија жителите на неколку куќи во општината Вакавил итно да се евакуираат. Полицијата од овој град, со 100.000 жители во близина на Сакраменто, на Твитер го објави повикот за евакуација.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њузом, во вторникот прогласи вонредна состојба за да ја гарантира достапноста на виталните пожарникарски ресурси, влошени од досега невидениот топлотен бран на Западниот брег, како и од силниот ветер.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање