Пожари беснеат на источниот брег на Австралија
Австралиските пожарникари се борат со силниот ветер кој придонесува за брзо ширење на огнената стихија, со цел да ги стават под контрола пожарите кои го зафатија источниот брег на Австралија.
Повеќе од 100 пожари се активни во Квинсленд и Нов Јужен Велс, а метеоролозите велат пожарикарите да не сметаат на помош од природата, со оглед на тоа дека сушата остави исушени растенија кои брзо горат.
Премиерката на Квинсленд Анастасија Палашжук изјави дека има 51 активен пожар во таа област, во кои се уништени 17 куќи, дополнувајќи дека опасноста од нови пожари е многу висока.
– Сè уште не сме се извлекле, сè уште сè е многу суво, изјави таа денеска.
Во најнаселената австралиска сојузна држава Нов ЈУжен Велс тревата и нискостеблестите растенија горат на повеќе од 65 места, а особено опасни се три пожари. – Повеќе од 500 пожарникари кои продолжуваат да ги заштитуваат домовите, работат во исклучително тешки услови, наведе противпожарната служба.
Ново на Сител
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година