Македонија
24. January 2020 - 11:16

Пожар во зоопросторија на гимназијата „Браќа Миладиновци“ во Драчево

Во зоопросторијата на гимназијата „Браќа Миладиновци“ во скопската населба Драчево утринава избувна пожар на кој сè уште интервенираат скопските пожарникари.

Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје за МИА изјавија дека на терен се испратени три возила и оти пожарот е сè уште активен.

Пожарот бил пријавен околу 10 часот.