Македонија
24. January 2020 - 12:30

Пожар во зоопросторија на гимназијата „Браќа Миладиновци“ во Драчево

Во пожарот во гиманзијата „Браќа Миладиновци“ во Драчево  за среќа нема повредени настаната е само материјална штета. 
 
Пожарот избувнал во зоопросторијата која е наменета за пракса на учениците од ветеринарното училиште. 
 
Според директорката причина за пожарот е тоа што најлонот со кој го покривале сеното допрело на жици од струја па сеното веднаш се запалило.
 
Пожарот е пријавен во 10 и 15 минути интервенирано е со три пожарникарни возила едно од возилата се уште ги гасне долните слоеви од сеното. 
 
 
Мирјана Јовеска