Свет
30. December 2017 - 19:44

Пожар во зграда во Манчестер

 - Најмалку едно лице е повредено во пожар во повеќекатница во центарот на Манчестер.
 
Противпожарната служба на Манчестер соопшти дека пожарот ги зафатил деветиот и десетиот кат од зградата.
 
Според британските медиуми, зградата има 12 ката.
 
Во гасењето на пожарот се ангажирани 12 пожарникарски коли. Засега пожарот е под контрола.
 
Пожарникарите ги советуваат граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот, а оние кои живеат во близина да не ги отвораат прозорите.