Македонија
29. October 2018 - 17:27

Пожар во затворот Шутка четворица повредени

Четири лица се повредени во пожарот што изутрината изби во затворот во Шуто Оризари. Се запали притворското одделение во затворот во Шутка, а повредите кај лицата настанале како последица од гушење.

Станува збор за тројца притвореници кои во моментот на пожарот се наоѓале во затворското одделение во Казнено-поправниот дом „Шутка” и едно службено лице, односно надзорник од затворската полиција.

Повреди од изгореници не пријавил никој, а повредените лица се примени на Клиниката за Токсикологија и се вон животна опасност.

Со пожарот во Затворот во Шутка биле опфатени 15 квадратни метри. Од Територијалната пожарникарска бригада на Град Скопје изјавија дека во гаснењето интервенирале со пет возила и 11 пожарникари, по што пожарот набргу бил изгаснат.

Во телефонска изјава за ТВ Сител, директорот на истражниот затвор посочи дека причините за пожарот не се познати и ќе излетат со официјални информации штом ќе заврши увидот од истаржните екипи.