Свет
25. January 2016 - 12:21

Пожар во возот „Евростар“ на линијата Лондон-Париз

Околу 700 патници во возот „Евростар“ на линијата Лондон-Париз, минатата ноќ останаа блокирани речиси осум часа на отворена пруга во северна Франција, поради пожар во локомотивата.   

Пожарот избувнал синоќа околу 21 часот, по што возот веднаш бил запрен јужно од градот Арас.

Според компанијата „Евростар“, пожарот избувнал поради дефект во електричната инсталација на локомотивата. Поради пожарот и дефектот во инсталацијата, целиот воз останал во мрак.

Пожарникарите за кусо време го изгаснале пожарот, но оштетената локомотива не можела да го продоложи патот.

Патнците чекале да дојдат две дизел локомотиви, кои композицијата ја одвлекле до станицата во Арас, каде потоа се префрлиле во друг воз на „Евростар“ со кој го продолжиле патот.

„Евростар“ во соопштението наведува дека патниците со новиот воз пристигнале во Париз утрово во 5:30 часот.

Според возниот ред, возот требаше да стигне во Париз синоќа во 21:47 часот.